вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цените на акциите на европските берзи „потонаа“

Цените на акциите на европските берзи „потонаа“

На европските берзи од утрово цените на акциите се намалени на најниско ниво во изминатите 22 месеца.

Причини за тоа се вчерашнито пад на индексите на Волстрит, тензиите меѓу ЕК и Италија за буџетот како и политички тензии во врска со Саудиска Арабија.

Индексот STOXX 600 во 9.45 беше во минус од 1,1 отсто, и тоа ен негово најниско ниво во изминатите 22 месеца. Лондонскиот FTSE ослабна 0,75 отсто, на 6,997 бодови додека франкфуртскиот DAX „падна“ 1,35 отсто на 11.365 бодови.

Инвеститорите беа обесхрабрени по вчерашнито пад на цените на акциите на Волстрит додека се чекаат кварталните извештаи за дел од најголемите американски компании.