Поради сомнителни пакети денеска се евакуирани зградата на компанијата „Тајм Ворнер“ и дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.
Истовремено Тајната служба на САД информираше дека сомнителни пакети биле испратени по пошта до поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон како и до Белата куќа.