петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Истанбул

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа и се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул, Турција.

Ѓорческа во второто коло по три часа и 33 минути игра ја совлада домашната тенисерка Илај Јорук.

Македонска тенисерка победи со 7:6, 5:7, 7:5 по сетови, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот во поединечна конкуренција.

Ѓорческа утре во четвртфиналето ќе се соочи со руската тенисерка Дарија Кружкова.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. (МИА)