Ќерката на пејачката Пинк, Вилоу, има само седум години и веќе покажа талент за пеење како и нејзината мајка, додека редовно учествува во физички акробации, што е вистинско наследство од двајцата родители (таткото Кери Харт е професионален мотоциклист).
Пинк ја донесе Вилоу во студиото за заедно да ја снимат верзија на песната од филмот „The greatest showman“, а фановите „полудеа“ поради неочекуваниот добар глас на девојчето, па многумина се зпрашаа како ќе звучи за десет години!
-„Двете се феноменални. Гласот на твојата ќерка е толку убав што ме расплака“, „Ова го слушам цел ден. Одлично!“, “Браво Вилоу, имаш одличен глас!“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.
Пинк и Кари го имаат и синот Џејмисон, кој има скоро две години.
Слушнете како звучат мајката и ќерката: