сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Mузичка магија за својата публика: Калиопи има нова песна, слушнете ја и уживајте (ВИДЕО)

Mузичка магија за својата публика: Калиопи има нова песна, слушнете ја и уживајте (ВИДЕО)

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија. И овој пат таа на фановите им подари комплетно авторско дело на Ромео Грил.

Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна:

-Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно… За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит – порача пејачката.