вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Марија Спасовска доби најмногу аплаузи на „Макфест“ за нејзината „Темперамент“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска доби најмногу аплаузи на „Макфест“ за нејзината „Темперамент“ (ВИДЕО)

Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда…

Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“.

Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.

„Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент” ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана … Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип“ – изјави Спасовска.

Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја.