понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО)

Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО)

На 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска и вечер на млади надежи и помалку афирмирани изведувачи.

Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе”, со која ги освои симпатиите на публиката.

Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот.

Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера.

Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди.

Како звучи и изгледа видеото на Теона нејзината макфестовска песна „Јас без тебе“, проследете во продолжение.