недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Најавена нова песна на „Битлси“, денес ќе го чуете гласот на Џон Ленон

Најавена нова песна на „Битлси“, денес ќе го чуете гласот на Џон Ленон

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака.

Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година – една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година.

Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар – и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“.