сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ај Кју со нова песна „До тебе“ и спот снимен во Лондон (ВИДЕО)

Ај Кју со нова песна „До тебе“ и спот снимен во Лондон (ВИДЕО)

Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваат нивната нова песна „До тебе“.

Музиката и текстот го напишаа уиграната комбинација Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, а продукцијата и аранжманот се на Роберт Билбилов.

Песната е снимена во JustRBproduction и за медиумите изјавија:

„За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме“.

Ај Кју спотот го снимија во Лондон, каде во последно време се поактивни на музички план со настапи и снимања, но најавија дека летово ќе имаат настапи и низ Македонија.