четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во запалениот автобус нема повредени војници, Министерството за одбрана ќе преземе соодветни мерки

Во запалениот автобус нема повредени војници, Министерството за одбрана ќе преземе соодветни мерки

По веста за запалениот автобус кој превезувал припадници на АРМ до своите работни места со соопштение излегоа со повеќе информации од Министерството за одбрана.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегрално соопштението од МО:

Министерството за одбрана жали за случајот со запалениот автобус кој утрово превезувал припадници на АРМ на своите работни места во Скопје, од Пробиштип, Кратово и Куманово. Истовремено ја  известуваме јавноста дека во инцидентот не е повреден ниту еден припадник на Армијата. Фирмата која што го врши превозот за кратко време испратила друг автобус, и сите патници пристигнале со мало задоцнување на своите работни места и веќе нормално си ги извршуваат задачите.

Од досега утврдените факти соопштуваме дека инцидентот се случил околу 6.10 минути изутрина, на излезот од Пробиштип. Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле. Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот. Согласно Договорот, ги исполнувал условите кои што се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1.02.2018 година со важност до 1.02.2020 година, бил од марката „Марбус“, производство 2007 година и го исполнува стандардот ЕУРО 4.

Припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот.

Министерството за одбрана од фирмата која го обезбедува превозот очекува да биде извршена анализа на случајот со цел да не се повтори.

Најнови вести