четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Дисингер со иста бројка на дресот како во Кил

Дисингер со иста бројка на дресот како во Кил

Засилувањето на Вардар кое се очекува да дебитира в сабота во Лигата на шампионите, Кристијан Дисингер веќе го доби бројчето со кое ќе настапува во натпреварите од најсилното клупско натпреварување.

Германецот кој дојде од редовите на Кил не го менува бројот кој очигледно му носи среќа, па останува со истата бројка како и досега. Тој и во Кил настапуваше со 15, а и сега продолжува да игра во истиот број.

Ова е втора шанса за него да дојде до успех во најсилното натпреварување, па ќе се потруди да го надомести она што не му успеа во Кил.

Инаку, Дисингер се очекува да дебитира в сабота против Мешков Брест во Лигата на шампионите, додека во СЕХА-лигата својот прв меч би требало да го има на 6 ноември против Нексе исто така во Скопје.