четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Дисингер е најголемото засилување во паузата на ЛШ!

Дисингер е најголемото засилување во паузата на ЛШ!

Европската ракометна федерација направи ранг листа на засилувањата на тимовите во паузата за репрезентативните активности, а новиот играч во Вардар, Кристијан Дисингер кој дојде од германскиот Кил, е на врвот на листата.

„По три години во Кил, со подеми и падови, јас сум среќен што Вардар ми дава шанса. Кил има одлични фанови, но фановите на Вардар се апсолутно број еден во Европа“, изјави Дисингер по трансферот во македонскиот шампион.

Ранг листа на лејт-ентри засилувања:

  1. Кристијан Дисингер, Кил – Вардар
  2. Вилијам Акамбре, Веспрем – Целје
  3. Радивоје Ристановиќ, Макаби Ришон – Загреб
  4. Патрик Лигетвари, Веспрем – Адемар Леон
  5. Дмитро Дорошчук, Запорожје – Мотор Запорожје
  6. Александар Шпенде, Марибор – Металург
  7. Никола Потиќ, Кањас – Загреб
  8. Сорен Соренсен, Есбјерг – Елверум
  9. Гонсало Рибеиро, Понто – Металург
  10. Миха Пучник, Бошолт – Металург