Докторите конечно одлучија кога српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа, ќе ја има следната операција.
Тие сметаат дека неговиот организам добро заздравува и според моменталните прогнози ќе може да му биде оперирана ногата.
-Организамот на Дарко одлично се опоравува. Тој секој ден е се посвесен. По цел ден е на аналгетици поради болките, но важно е дека неговата состојба е стабилна и оди на подобро. Затоа докторите одлучија операцијата на ногата да биде идната недела, вели за српски Блиц извор од болницата во Земун каде е хоспитализиран пејачот.
Докторите до сега не можеа да ја оперираат неговата нога бидејќи чекаа состојбата да му се стабилизира. Бидејќи во моментов внатрешните органи се проблем, тој секојдневно е на дијализа за да му се подобри работата на бубрегот и да му зајакнат останатите органи.
За потсетување, Дарко досега имаше една операција која беше потребна за да му се запре внатрешното крварење при што му беше извадена слезината.