четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жена потрошила 16 милиони фунти во стоковна куќа: Сега е уапсена и поради нов закон се соочува со пекол

Жена потрошила 16 милиони фунти во стоковна куќа: Сега е уапсена и поради нов закон се соочува со пекол

Жената која потрошила 16 милиони фунти во стоковната куќа Хародс и станала најголем шопинг зависник во Британија, е уапсена и се соочува со екстрадиција.

Замира Хаџиева (55) е сопруга на поранешен банкар, коа отслужува 15-годишна затворска казна за проневера во неговата матична земја, Азербејџан.

Хаџиева, која живее во куќа од 15 милиони фунти во близина на продавницата Херодс во Лондон, стана прва личност на која се применети новите антикорупциски мерки на Националната агенција за криминал.

Нејзините адвокати велат дека таа не е “измамник”.

Со новите мерки, воведени минатиот месец, таа ќе мора да го објасни потеклото на богатството.

Хаџиева минатата недела била уапсена од полицијата, која постапувала по барањето за екстрадиција од властите во главниот град на Азербејџан, Баку.

Таа се соочува со две обвиненија за проневера и е задржана во притвор откако се предаде доброволно минатиот вторник.

На сослушувањето за кауција, обвинителите тврдеа дека таа не треба да биде ослободена, тврдејќи дека претставува ризик за бегство.

Нејзиниот правен тим тврди дека иако многу трошела, таа не била “измамник”, ниту би ја напуштила земјата.

Високиот окружен судија Ема Арбутно се согласи дека Хаџиева може да биде ослободена со кауција од 500.000 фунти како гаранција и да остане во нејзиниот дом во Најтсбриџ и секојдневно да се пријавува во полицијата.

Но, обвинителите веднаш поднесоа жалба, што значи дека таа ќе остане во притвор.

Минатата недела, агенцијата запленила накит што  припаѓа на нејзиното семејство, кој вредел повеќе од 400.000 фунти и требало да биде понуден на аукциската куќа Кристи.