четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пет часа во операциона сала: Објавени најновите информации за здравствената состојба на Дарко Лазиќ

Пет часа во операциона сала: Објавени најновите информации за здравствената состојба на Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ утринава бил однесен во операциона сала, а според последните информации кои ги објавуваат тамошните медиуми, бутната коска му е успешно оперирана.

Порталот Пинк.рс, повикувајќи се на свои извори објавува дека операцијата на бутната коска е завршена, а хирурзите одлучиле, со оглед на тоа дека се поминало одлично, да му стават веднаш и протеза.

-Првата операција помина добро. Сега му вградуваат вештачки колк, по што веднаш ќе може да го однесат на рентген, изјавил извор од болницата.

За потсетување, рано утринава во болницата во Земун каде е хоспитализиран пејачот по тешката сообраќајна несреќа, дошле два хирурзи од друга болница.

Најнови вести