четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судир помеѓу танкер и фрегата во близина на брегот на Норвешка

Судир помеѓу танкер и фрегата во близина на брегот на Норвешка

Најмалку седум лица се повредени при судир на танкер и фрегата во близина на западниот брег на Норвешка.

Судирот не предизвика истекување на нафта.

По инцидентот евакуиран е екипажот од 137 луѓе од фрегатата „КНМ Хелга Ингстад“, која почнала да пропушта вода.

Сега фрегатата е на копно и поставени се потпорни столбови, соопшти локалната полиција.

За време на инцидентот танкерот пловел кон терминалот Стурме. Танкерот не е оштетен при судирот.

МИА