четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Автомобилски протест на улиците на главниот град на Шри Ланка

Автомобилски протест на улиците на главниот град на Шри Ланка

Колона од стотици автомобили на поддржувачи на соборениот премиер на Шри Ланка Ранил Викремесинге помина низ улиците на главниот град Коломбо со барање да се свика Парламентот за да ја реши политичката криза во највисоките ешалони на власта.

На 26 октомври претседателот Маитрипала Сирисена ненадејно го разреши премиерот Ранил Викремесинге и го замени со поранешниот лидер Махинда Раџапакса, кој управуваше со земјата од 2005 до 2015 година.

Во моментов во Шри Ланка има двајца сопернички премиери. Викремесинге одбива да ја предаде власта затоа што смета дека неговото разрешување е противуставно.

Колоната од автомобили, авторикши и камиони со поддржувачи на премиерот помина низ улиците на главниот град и заврши на централниот плоштад. Возачите носеа портрети на Викремесинге и транспаренти „Власт на народот“.

МИА