Пред локалните избори, политичарите на СДСМ насекаде одеа и ветуваа зелена површина, меѓу нив најгласен беше и Стефан Богоев, актуелниот градоначалник на општина Карпош.
При една прилика во ек на локалните избори Богоев рече: „По победата на изборите планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негово зачувување. Изградба на нови паркови и зелени површини секаде онаму каде што е возможно, како и отпочнување на иницијатива за формирање на еко полиција во општина Карпош во соработка со извршната власт. На овој начин ќе се заштити и унапреди постоечкото зеленило и ќе се лоцираат и казнат загадувачите во општина Карпош. Гарантираме чист воздух и поголеми зелени површини на територија на општина Карпош“.
По стапување на функција градоначалник Богоев ништо од тоа што ветуваше не исполни.
Доказ за тоа е искорнатата садница во паркот Македонија. Таму од кога тој е градоначалник немаат ништо засадено, но затоа секојдневно го уништуваат зеленилото што го има, и не се грижат за него.
Тоа е таа политика на СДСМ. Уста полни со ветувања се додека не дојдат на власт. Кога ќе седнат на фотелја тогаш добиваат амнезија, која трае се додека не им заврши мандатот.