четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Капиталните инвестиции се со катастрофален резултат, владата за ваков неуспех треба да си поднесе оставка и да се извини дека ништо не сработила за граѓаните

Мисајловски: Капиталните инвестиции се со катастрофален резултат, владата за ваков неуспех треба да си поднесе оставка и да се извини дека ништо не сработила за граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на Фејсбук објави дека резултатот на капиталните инвестиции во земјава е катастрофален, а економијата е во пропаст.

-Капиталните инвестиции се со катастрофален резултат од 27.4% до овој момент, а остануваат уште два до три месеци за реализација на предвидените проекти од власта, но јасно е дека градежната сезона полека одминува и следните месеци не се толку поволни за градежен и инфраструктурен прогрес.

Едноставно економијата е во пропаст и безидејност, но оваа тема не треба да се зборува бидејќи во секое развиено општество владата за ваков неуспех треба да си поднесе оставка и јавно да признае и да се извини дека ништо не сработила за граѓаните.

Тезата дека оваа власт е НЕСПОСОБНА и дека ништо не работи секој ден се докажува скоро во секој ресор а од друга страна повеќе НЕ ПОМИНУВААТ нивните ветувања со зборот ЌЕ….

Оваа власт ниту ја бивало ниту ќе ја биде и затоа е очигледно е дека нивниот бунар нема дно, но затоа ЌЕ има зголемување на даноците и ребаланс за кратење на средствата за проекти…,  пишува Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести