четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Објавен идентитетот на Хрватите кои го направија грабежот на деценијата во Венеција (ВИДЕО)

Објавен идентитетот на Хрватите кои го направија грабежот на деценијата во Венеција (ВИДЕО)

Хрватската полиција вчера ги уапси четврицата осомничени за милионска кражба на накит. Најстариот има 60, а намладиот 43 години.

Во кражбата во јануари во хотел во Венеција беа ограбени и индиски артефакти на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал- Тани, кои биле изложени во палатата во Венеција под наслов „Богатствата на могулите и махараџите”. Украден се обетки вредни милион долари, како и брош од платина и рубини вреден два милиона.

Еден од осомничените е 60 годишниот Винко Томиќ, кој се поврзува со спектакуларни грабежи низ целиот свет – во Лас Вегас, Лондон, Хонг Конг, Монако и на други места, секоја со милионска вредност.

Освен Италија, Томиќ е баран и во Швајцарија и тоа поради кражба на накит вреден 8 милиони швајцарски франци.

Тој се сомничи како организатор на кражбата во Венеција, а му помагале уште најмалку петмина, меѓу кои двајца Хрвати и двајца Срби. Групата во светот е позната како „Пинк Пантери”.