Мост во Владивосток е отворен пред 7 години, а за пешаците официјално е затворен од 2014 година, поради безбедносни причини.
Сепак неодамна, четворица руски пешаци смислиле начин да ја заобиколат забраната.
Со оглед на тоа дека мостот е отворен само за возила, тие се маскирале во картонски автобус и си ја пробале среќата, надевајќи се дека стражарите нема да ги воочат.
Сепак, еден од стражарите сфатил дека има нешто сомнително, ги пресретнал и им наредил да се свртат и вратат назад.