вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватските медиуми објективни: Што зборува селекторот? Судиите ја уништија Белорусија!

Хрватските медиуми објективни: Што зборува селекторот? Судиите ја уништија Белорусија!

-Судиите? Судиите сакаа да ме уништат, зиајви Червар по мечот со Белорусија.

Дури и самите хрватски медиуми коментираат дека она што сепак е чудно се критиките на Червар кон руските судии.

-Судиите на Белорусија и досудија три пробивања во последните три напади. Претпоследниот напад на Хрватска траеше „цела вечност“ и беше дозволен се додека Циндриќ не погоди, а потоа на Белорусите им беше подигната рака за пасивен напад по само 10-15 секунди. Не знаеме точно на кој сегмент се жали Червар, бидејќи претходно оправдано го исклучија Шилович, што не би се случило доколку не побараа прегледување на снимката. Се на се, неоправдана критика на Червар, барем по она што ние го видовме, реални се хрватските медиуми.

Веднаш по мечот, Червар изјави дека судењето не му било јасно.

-Ми се чини како да играме во гости според критериумите на играта. Судењето не ми е јасно. Таков впечаток добив, порача червар.