среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Два месеци не работи мерната станица во Битола

Два месеци не работи мерната станица во Битола

Речиси два месеци, мерната станица во центарот на Битола не мери колкаво е загадувањето со ПМ 10 честички. На интернет страницата на Министерството за животна средина, каде се објавуваат параметри од мерењата, податоци од мерната станица Битола 2 нема од 20 септември годинава, пишува СДК.

Од Општина Битола изјавиле дека веќе е задолжено лице да испрати допис до надлежните за сервисирање на станицата.

„Одржувањето на мерната станица е во надлежност на Министерството за животна средина. Локалната самоуправа издаде барање до инспекторот за животна средина да испрати допис до Министерството и да се иницира акцелерирање, односно санирање на мерната станица“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Оваа мерна станица во изминатите години за време на грејната созона секогаш покажуваше големо присуство на суспендирани честитки во воздухот во централното градско јадро. Како едни од најголемите загадувачи се сметаат домаќинствата и институциите кои се греат на дрва и мазут. Лани во ноември, истата станица измерила дури 17 дена со загадување над дозволените концентрации.