четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

На 02.11.2023 во 18:00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 10:10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари.

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката.

Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.