петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ целосно потфрли и го зацрни животот на граѓаните на секое поле- сиромаштијата преку ноќ енормно се зголеми“

„СДСМ целосно потфрли и го зацрни животот на граѓаните на секое поле- сиромаштијата преку ноќ енормно се зголеми“

СДСМ целосно потфрли и го зацрни животот на граѓаните на секое поле. Сиромаштијата преку ноќ енормно се зголеми откако СДСМ дојде на власт. Доказ за тоа е дека моментално во земјава има околу 460.000 граѓани кои живеат на работ на сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Тевдовски во новиот мегаломански и ненароден Буџет за 2019 година предвидуваат да соберат од граѓаните приближно 1.981.000.000 евра или за 6.4% повеќе даноци во однос на 2018 година. Замислете, ако во 2018 година СДСМ собрале 1.862.000.000 евра по основ на даноци, во 2019 година со прогресивниот данок ќе соберат 120.000.000 евра повеќе и тоа директно од граѓаните, стои во реакцијата и се додава:

„СДСМ нема никаков план и знаење како да ја кренат економијата со овој мегаломански најголем Буџет до сега. Повеќе од јасно е дека парите ќе завршат во нечии џебови кај фирмите на Заев, Анѓушев и другите блиски до СДСМ, а сите останати односно граѓаните нема да добијат ништо. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата“.

Најнови вести