петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска до Ацевски од СДСМ: ЕК утврди партизација на институциите од владата на СДСМ

Стаменковска до Ацевски од СДСМ: ЕК утврди партизација на институциите од владата на СДСМ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Невенка Стаменковска, во денешното нејзино гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 му порача на Костадин Ацевски од СДСМ дека доколку целосно го прочита Извештајот на напредок на Република Македонија од Европската Комисија, ќе види дека Европската Комисија нотира партизација на институциите со неподобни кадри од страна на Владата на СДСМ.

-Зошто не го прочитавте делот од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во кој пишува дека владејачката СДСМ прави партизација на институциите во Република Македонија, става партиски кадри кои не ги исполнуваат условите и не се подобни за вршење на таква висока функција. Кога веќе го читате Извештајот, ве молам читајте до крај, вели Стаменковска.

Најнови вести