Пејачот Дарко Лазиќ кој доживеа тешка сообраќајна несреќа се уште оздравува во болница во Земун.
Неговата девојка која е бремена ги објави првите заеднички фотографии, на кои јасно се гледа дека Дарко минал низ тежок период и дека е многу ослабен. Сепак, има голема насмевка на лицето, а и причина за тоа.
Како што пренесуваат српските медиуми пејачот почнал да соработува со докторите за да може побрзо да излезе од болница.
Меѓутоа, пејачот деновие има голема причина за мотивација и радост. Односно неговата свршеница Марина е бремена.