четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев за Алфа: Предлагаме 19 итни мерки за почист воздух, Владата мора веднаш да реагира

Ѓорчев за Алфа: Предлагаме 19 итни мерки за почист воздух, Владата мора веднаш да реагира

Мерки предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на локалната заедница но исто така се однесува и се однесуваат на Владата на Република Македонија, Градот Скопје, Општините како што се Битола, Куманово, Тетово и многу други Општини кои што имаат енормно загадување појасни Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за интервју на АлфаТВ.

Ѓорчев образложи дека основниот проблем немањето на волја, немањето на политичка волја кај оваа Влада и кај оваа гарнитура, затоа што внимавајте аерозагадувањето како еден од најголемите проблеми во моментот во Македонија особено на Скопје и поголемите градови ќе се одвојат едвај 800.000 илјади евра. Ако од една страна ги видите следните трошоци за 2019 за наредната година на Владата се однесуваат само на нови коли, за Владата и министрите, и за нов мебел. Соодносот е 10 спрема 1. Значи повеќе од 7 милиони евра ќе се потрошат за нови коли за министрите и за мебел, а една десетина само од тоа 10 пати помалце за амбиенталниот воздух во цела Македонија. Значи тоа покажува едноставно дека нема никаков слух, тука е премиерот кој што заедно со министерот за финансии го предлага Буџетот тоа е тандемот и двоецот Заев и Тевдовски, ниту во министерството за екологија како и градоначалникот на Скопје, Шилегов.

Најнови вести