недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брижит Бардо со порака до Холивуд: Има многу актерки кои се додворуваат на продуценти за улоги, силувањето е злосторство, а упорното флертување не е?

Брижит Бардо со порака до Холивуд: Има многу актерки кои се додворуваат на продуценти за улоги, силувањето е злосторство, а упорното флертување не е?

Холивудските актерки кои јавно признавале за сексуалното насилство се наречени “лицемерни, смешни и неважни” од страна на француската глумица Брижит Бардо.

Исто така, таа ги искритикувала и оние кои што со додворување заработуваат филмски улоги. Поранешното лице на француската кинематографија, која има 83 години, во интервју за “Париз меч” рекла дека никогаш не била жртва на сексуално насилство.

-Ако ми велеа дека сум убава и дека имам убав, мал задник, тоа го сметав за шармантно. Таквиот вид на комплименти се пријатни, оценила актерката која важела за секс – симбол во педесетите години.

За сексуалното насилство во светот, Брижит рекла дека поголемиот дел од актерките кои секојдневно ги тужат нивните колеги се “лицемерни, смешни и неважни” и додала дека нејзината проценка не се важи за сите жени.

-Има многу актерки кои им се додворуваат на продуцентите за да добијат улоги. Потоа, за да се зборува повеќе за нив, велат дека биле сексуално малтретирани. Всушност, си прават поголема штета отколку корист од тие приказни, рекла познатата актерка која нема влакна на јазикот.

“Лист Монд” од неодамна испрати писмо до група на 100 жени во Франција кои сметаат дека по скандалот со американскиот продуцент Вајнштајн, кој е обвинет за сексуални престапи, феминизмот се појави како “омраза против мажите”.

Тоа писмо го потпишала и глумицата Катрин Данев, која потоа им се извинила на жртвите на сексуално насилство, но додала дека овој скандал отишол предалеку и дека мажите станале жртви на “медиумско линчување”.

Во писмото на кое се потпишале и новинарката Катрин Мија, глумицата Ингрид Каван и филозофката Пеги Састр, се наведува дека “силувањето е злосторство”, но “упорното флертување не е злосторство, додека машката галантност не мора да биде чин на агресија на мачо маж”.

Најнови вести