Бројот на живородени деца во третиот квартал годинава во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0,7 проценти и изнесува 5.654 живородени деца, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје годинава во однос на третиот квартал лани е евидентирано намалување од 6,7 проценти на бројот на умрени лица, кој изнесува 4.423, од кои 28 се починати доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1.231, што значи за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 11,4 проценти во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 4.159 бракови. Во тек на третиот квартал се добиени 397 извештаи за разведени бракови.