недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Жени, овие 7 ваши особини им се посебно секси на мажите

Жени, овие 7 ваши особини им се посебно секси на мажите

Откако ќе ги воочат физичките атрибути мажите почнуваат да ги забележуваат и карактерните особини нај жената. Како што покажаа бројните истражувања, мажите сакаат убава насмевка, заводлив поглед, но и паметна девојка.

Еве кои особини им се секси на мажите:

НАСМЕВКА – Бројни истражувања покажале дека на мажите многу им е привлечна женската насмевка. Сметаат дека со тоа жената покажува дека е отворена, весела и неоптеретена. Насмевката е секогаш секси!

ЗНАЕ ДА СЛУША – Жена која внимателно го слуша својот соговорник е повеќе од привлечна. Едно австралиско истражување покажало дека многу мажи всушност тоа го забележуваат кај една жена.

СМИСЛА ЗА ХУМОР – Сите ние обожаваме кога некој ќе не насмее и орасположи. Затоа на мажите им се привлечни жени кои имаат смисла за хумор. Таквите жени знаат да ги опуштат и насмеат мажите, а тоа е предуслов за секси расположение.

ШЕГА НА СВОЈА СМЕТКА – Припадниците на посилниот пол сметаат дека нема ништо полошо од жена која не знае да се шегува на своја сметка и кога се’ сфаќа лично. Кога жената се шегува на сметка на себеси, покажува дека не е критички настроена, ни спрема себе, а ни спрема машкиот род.

ПОГЛЕД – Многу мажи сметаат дека жената најдобро заведува со поглед. Некои мажи повеќе сакаат таинствен женски поглед, други пак ги привлекува повеќе срамежлив поглед. Тоа е движење кое не може да се одглуми , и најпривлечен е оној поглед кој ја одразува вистинската личност на жената.

ПАМЕТ – Мажите крај себе сакаат паметна жена. Иако сите не се согласуваат, сепак и паметот е секси особина. Тоа е она што и овозможува на жената да биде интересна, интригантна, релевантна соговорничка, но и интересна во креветот.

ПРИСТОЈНО ОДНЕСУВАЊЕ – Жената не мора да биде светица, но мора пристојно да се однесува. На мажите не им се привлечни жени кои се прегласни или наметливи.