четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Наместо да се стремиме кон европските вредности, Македонија денеска се обезличува и македонскиот народ се сведува на граѓани на држава без корен

Мицевски: Наместо да се стремиме кон европските вредности, Македонија денеска се обезличува и македонскиот народ се сведува на граѓани на држава без корен

Денес ние овде повторно ќе говориме за целиот суверенитет кои се наоѓа кај народот, а граѓаните тие се суверенитетот кои што одлучува за сите важни прашања во општеството, потенцира од пратеничката говорница Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Името на државата е инхерентен во правото на самоопределување, а правото на самоопределување е темелот на Обединетите нации и Унијата. Годините изминуваа, човековата цивилизација напредуваше, границите меѓу границите во Европа се претворија во информативно административни табли и само бледа линија на географски мапи. Сега според вас новата држава ќе треба да ја признаат, впрочем тоа го пишува и во текстот од договорот во кое е запишано дека втората страна треба да ги извести државите за новото име, или попластично кажано, или пластично кажано ќе треба да ги извести државите за новата држава на Балканот. Наместо да се стремиме кон европските вредности, Македонија денеска се обезличува и македонскиот народ се сведува на граѓани на држава без корен. Денес власта со еден амандман одлучи да ги избрише деветте одлуки од АСНОМ, од кои што четири одлуки имаат државнотворно значење за Македонија, вели Мицевски.

Тој додава дека со ова бришење на одлуките на АСНОМ се укинува денешната наша Република Македонија и со бришењето на овие одлуки се бришат и признанијата од светските сили кои биле гарант за создавање на македонската држава.

Најнови вести