четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: СДСМ само за да остане на власт ги урива темелите на нашата држава и го погази достоинството на македонскиот народ

Митовска: СДСМ само за да остане на власт ги урива темелите на нашата држава и го погази достоинството на македонскиот народ

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница за нацрт амандманите за уставни измени изјави дека додека Грција си ги чува своите црвени линии, кај нас СДСМ само за да остане на власт ги погази македонските црвени линии и го погази достоинството на македонскиот народ.

– Со бришењето на одлуките на АСНОМ од преамбулата ќе го зададете најсилниот антимакедонски удар кој во последниот век и бил зададен на Македонија и на тој начин ќе ги разнишате уставните и правните темели на нашата држава, вели Митовска.

Таа истакна дека уставните измени не треба да бидат изгласани ниту од уставно правен аспект и истите ги кршат темелните вредности на уставниот поредок и кршат членови од Уставот на Република Македонија.

– Со овие измени се поништува уставноправниот континуитет на Република Македонија и започнува период на една новосоздадена држава, Република Северна Македонија која ќе има нова традиција, минато како што ќе биде напишано од комисиите кои ги оставивте и нема да има државен континуитет на кој што ќе можеме д а се повикаме, нагласи Митовска.

Најнови вести