сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жителите на Кисела Вода протестираат, бараат дислокација на Центарот за зависности

Жителите на Кисела Вода протестираат, бараат дислокација на Центарот за зависности

Попладнево сообраќајот во Кисела Вода беше блокиран. Граѓаните на оваа скопска населба протестираа на местото „Чешма“, барајќи дислокација на Центарот за зависности од нивната населба.

Околу 200 граѓани се собраа и одржаа марш од споменикот „Тодор Александров“ до Центарот за зависности, апелирајќи да се дислоцира овој центар поради тоа што многу често се случува зависниците да бидат пуштени или да избегаат, и да прават проблеми на граѓаните на оваа општина.

Жителите на оваа општина кои живеат околу Центарот, велат дека во страв, не ги пуштаат децата да си играат на улица поради несакани последици со зависниците. Веќе беа потпишани неколку петиции за дислокација, но залудно, па сега жителите се решија на протести.

ФОТО: ТВ 21

Најнови вести