Стиловите на Ким Кардашијан и Блејк Лајвли, досега не можеа да се споредуваат по ниту еден критериум.
Но, сега двете славни дами се појавија на ист настан, во речиси идентични фустани, а тоа на критичарите не им избега од вид.
Ако треба да ги опишеме двете нивни изданија, би рекле: „Светкаво и секси“. Но, ако мора да се одлучиме која е подобра од сите аспекти, тогаш ќе одговориме: „Блејк Лајвли“.
Критичарите пишуваат дека Кардашијан изгледа на кукла „Bratz“, што не е баш комплимент.
Изданието на Ким е во нејзин стил, премногу “напумпано“, додека Блејк покажа вистинска елеганција.