вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ким Кардашијан објави фотографија со 18 години помладиот Мбапе: Фановите негодуваат

Ким Кардашијан објави фотографија со 18 години помладиот Мбапе: Фановите негодуваат

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан на својот Инстаграм профил објави фотографии од забавата на Мајкл Рубин. Посебно внимание привлече фотографијата на која таа е заедно со дури 18 години помладиот спортист, фудбалерот Килијан Мбапе, која предизвика вистинска бура.

Мбапе со насмевка на лицето позира покрај Ким, а под објавата се наредија многу коментари од фановите на Мбапе, кои му порачуваат на младиот Французин да се „држи подалеку“ од Кардашијан.

Дел од американските медиуми пишуваат дека во текот на вечерта Ким се дружела и флертувала и со поранешниот американски фудбалер Том Брејди, но сепак одлучила да се слика со Мбапе.

За францускиот фудбалер деновиве на големо се пишува поради неизвесноста во неговата фудбалска кариера во ПСЖ, чиј најдобар стрелец е со 212 гола.

Младиот, успешен спортист секако го привлече вниманието на Кардашијан, а неговиот приватен живот не е примерен, што е донекаде и очекувано за фудбалерите. За него се пишуваше дека има девојка која го променила полот кога имала само 16 години.

Најнови вести