петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе доби прашање за Реал Мадрид, неговата реакција отвори дебата (ВИДЕО)

Мбапе доби прашање за Реал Мадрид, неговата реакција отвори дебата (ВИДЕО)

Килијан Мбапе беше дел од свечената церемонија која вчера се одржа во Париз и на која беа наградени најдобрите играчи за минатата сезона, година со тоа што најважните признанија завршија во рацете на Лионел Меси и Аитана Бонмати.

Мбапе ќе мора да почека некоја друга прилика за „Златната топка“, трка во која заврши на третата позиција за 2023 година. Можеби за да ја добие истата ќе треба да направи трансфер во друга средина, друг клуб со тоа што Реал Мадрид веќе долго време се поврзува со неговиот потпис.

Долго време трае таа сага, па еден шпански новинар му постави едноставно прашање на Мбапе, дали ќе дојде во Реал Мадрид следната година, а напаѓачот имаше интригантна реакција, се насмевна, намигна и направи гест со вратот што уште еднаш ги подгреа шпекулациите.