петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Родриго уште три години во Реал

Родриго уште три години во Реал

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, го продолжи договорот за уште три години, до 2028., соопшти денеска шпанскиот клуб.

Финансиските детали од продолжувањето на соработка не се објавени, но според информации на шпанските медиуми, во договорот е вметната откупна клаузула во висина од една милијарда евра, како и во случајот со неговиот сонародник Винисиус, кој во понеделникот го продолжи договорот со Реал.

Родриго, кој дојде во Кралскиот клуб во 2016 година за сума од 45 милиони евра, минатата сезона постигна 19 голови на 37 натпревари во дресот на Реал.