четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Заврши првата фаза на ЕП за ракометарки во А и Б групите

Заврши првата фаза на ЕП за ракометарки во А и Б групите

Со одигрувањето на натпреварите од третото коло синоќа заврши првата фаза во А и Б групите на женското ракометно Европско првенство што се одржува во Франција.

Резултати:
Русија – Словенија 27:29
Шведска – Полска 23:22
Данска – Србија 25:30
Франција – Црна Гора 25:20.

Од А-групата пласман во следната фаза обезбедија Србија, Шведска и Данска.

Понатаму од Б-групата одат Русија, Франциај и Црна Гора.

Во текот на денешниот ден ќе се одиграат натпреварите од последното коло во Ц и Д-групите.