Основачот на Amazon Џеф Безос од неодамна официјално е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 110 милијарди долари.
Покрај тоа што заработува огромна сума на пари, тој остана верен на неговите принципи што му помогнаа да го стекне богатството, па затоа уште го вози неговиот „најобичен“ автомобил.
„Постигни повеќе со помалку“, е мантрата што Безос им ја повторува на своите вработени во Amazon.
Безос вози автомобил Honda Accord od 1999 година, за кој во популарната емисија „60 минути“ рече: „Ова е совршено добар автомобил“.
Пред овој автомобил, Безос во Сиетл, каде се наоѓа седиштето на Amazon, возеше исто така економично возило – Chevy Blazer од 1987 година.
„Возев пакети во пошта и сонував еден ден да имам виљушкар“, рече Безос, кој го основал Amazon во 1994 година откако дал отказ на Волстрит.
Почнал со онлајн продажба на книги, со десетина вработени, а во 1997 година Amazon веќе вредеше 12 милијарди долари.
Денес Amazon вреди 600 милијарди долари.