четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честојнова: Една година и 6 месеци СДСМ е на власт, а од интервентниот фонд во земјоделието нема ниту денар

Честојнова: Една година и 6 месеци СДСМ е на власт, а од интервентниот фонд во земјоделието нема ниту денар

СДСМ ветуваше дека ќе формираат интервентен фонд. Интервентен фонд од 6 милиони евра што е различно од субвенциите кои што оваа Влада ќе ги даде, во соопштението од СДСМ пишуваше – „Средствата ќе се користат кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. Во овој фонд се планирани средства и за обесштетување на земјоделците од временски непогоди. Никој никогаш повеќе нема да ги потцени земјоделците и да се пазари со нивната мака. Земјоделците кои имаат финансиски загуби нема да бидат оставени да се справуваат сами на себе со проблемите“. Значи тоа беше ваше ветување, една година и 6 месеци се поминати од тогаш. Една година и 6 месеци е СДСМ на власт, имаат формирано влада, а од интервентниот фонд во земјоделието нема ниту денар, појасни Павлинче Честојнова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседување на Комисијата за финансирање и буџет.

Честојнова потенцираше дека во овие 18 месеци сите сме сведоци како скапуваат праските, лубениците и јаболката.

-Земјоделците ги истураат своите производи бидејќи цената на овие производи е под производствената цена. Ниту денар од дополнителна поддршка за земјоделците. Сега имате можност тоа што го кажавте и да го остварите, додаде Честојнова.

Најнови вести