четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во прекин сообраќајот на патот Скопје – Приштина

Во прекин сообраќајот на патот Скопје – Приштина

Во период од 07 до 17 часот на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи, информира АМСМ.

Сообраќајот во тој период ќе се пренасочува.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најнови вести