-Ако адолесцентот го навредите или понижите, тој се полни со негативна енергија и возвраќа со напад, вели психологот.
Тој советува дека на тинејџерот мора да му се помогне.
– Морате да му помогнете кога ќе видите дека нешто не му оди од рака, дека има проблеми и е нервозен, а не уште повеќе да му отежнувате, додава Џејкоб.
-Суштината е тинејџерот да го поттикнете да ја испразни негативната енергија и безопасно да ја искаже својата лутина. Наместо веднаш да се казни кога лошо се однесува, прво разговарајте со него, сослушајте го, научете го да се цени себе и другите. Ако го пофалите за сè добро што прави, тогаш можете да му го свртите внимание и на негативните ситуации, без страв дека ќе се налути, појаснува Џејкоб.