четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Анабела отворено зборува за психичката состојба на Луна

Анабела отворено зборува за психичката состојба на Луна

Ќерката на пејачката Анабела Атијас, Луна стана позната во јавноста по секс скандалите во реалното шоу Задруга.

Пејачката неодамна проговори за психичката состојба на нејзината ќерка Луна. По емотивната врска со Слободан Раданович, младата блогерка ја изгубила психичката рамнотежа, а за тоа со кои стравови се соочила, пејачката детално објаснува.

-„ Не постои ниту еден лек, ниту едно апче, кое може да ја прекине емоцијата наречена љубов, или болката по невозвратената љубов. Во заблуда се сите кои мислам дека ќе се напијат апче, и повеќе нема да го сакаат тој во кого се заљубиле“, рекла Анабела.

-„ Луна ги лечеше стравовите и траумите, како несоница, ноќни мори, клаустрофобија, агрофобија, па страв од средба со други луѓе, а потоа и страв од средба со станарите од Задруга. Кога требаше да гостува во емисија, ми викаше „Мамо не ме давај“.

Луѓето на улица на напаѓаа, и праќаа разни пораки. Сето тоа влијаело Луна да се чувствува се полошо. Престана и да вози. Долго време и требаше да почне да вози, да излезе во диско, да излезе меѓу луѓе… Сега се е во ред, завршила Анабела.

 

Најнови вести