четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Се што кажува СДСМ е една голема лага

Лашкоска: Се што кажува СДСМ е една голема лага

Со овој амандман предлагаме да се обезбедат средства во висина од 20 милиони евра за изградба на социјални станови во општина Виница, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.

Од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски овој предлог амандман не се прифати, при што Лашкоска истакна дека во буџетот во 2017 година кои што го изгласале во Собранието имало предвидено средства за изградба на социјални станови за изградба на 39 станови во Виница.

Постапката беше отпочната, беше изработен детален урбанистички план, зработен проект за изградба на зградата, беше изработена целата проектна документација, беше издадено одобрение за градба, беа предвидени средства во Буџетот и она што го очекувавме нормално а го очекуваа и жителите на општина Виница, без разлика кој е на власт проект кој е потребен за граѓаните, особено од социјалната сфера, иако власта се смени да го продолжи веќе започнатиот проект, изјави таа.

Лашкоска, додаде дека со ребаланс на Буџетот, владата на СДСМ ги пренамени средствата и за жал жителите на општина Виница останаа без изградба на социјална зграда. Според нејзе потребата за изградба на ваква зграда е од голема потреба и за општината и за жителите на Виница.

Таа го потсети министерот Тевдовски, на едно пратеничко прашање поставено од пратеничката Магдалена Манаскова, каде што и беше дадена и динамиката по кој ќе се одвива овој проект, односно како што рече Лашкоска тие очекувале дека средства за изградба на социјална зграда ќе има во 2019 година.

Меѓутоа и од одговорот на пратенички прашања бил лага и се што кажува СДСМ излегува дека е лага, нагласи Лашкоска.

Најнови вести