понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојлоски до Тевдовски: Кога не прифаќате амандман, мора да знаете зошто не го прифаќате

Манојлоски до Тевдовски: Кога не прифаќате амандман, мора да знаете зошто не го прифаќате

-Со амандманот се предлага да се обезбедат средства во висина од 9 милиони 840 илјади денари за реконструкција и изградба на локални патишта, односно прв дел од улицата Браќа Јаниќ од должина од 600 метра во населено место Брвеница и дел од улица Браќа Стефановиќ од должина од 400 метри во населено место Брвеница, како и изградба на улица во новата населба во село Радиовце во должина о 1 километар, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски на денешната собраниска комисија за финансирање и буџет.

Манојлоски му порача на министерот за финансии Драган Тевдовски дека кога не го прифаќа амандманот мора да знае зошто не го прифаќа, односно да даде образложение, поточно како што рече тој Тевдовски мора да знае дека село Брвеница е едно од најголемите села во Македонија, додавајќи дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ немала можност и шанса реализира и инвестира проекти на локалните патишта, бидејќи СДСМ и ДУИ долго време биле на власт и како што рече се надевал дека тие како власт ќе имаат слух да ги решат овие проблеми.

Најнови вести