вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Гламурозна прослава и луксуз: Драгана го прослави 50-тиот роденден, а од сопругот доби подарок вреден 400.000 евра (ГАЛЕРИЈА)

Од нејзиниот сопруг таа добила автомобил од најновата марка Мерцедес со персонализирани таблици „ДМ 50“ и 50 ружи од нејзиниот колега Чола.
Гламурозна прослава и луксуз: Драгана го прослави 50-тиот роденден, а од сопругот доби подарок вреден 400.000 евра (ГАЛЕРИЈА)

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ го прослави својот 50 – ти роденден, а по тој повод направила голема прослава во Австрија на која присуствувале голем број на нејзините колеги.

Пред забавата таа добила неколку подароци поради кои овој јубилеен роденден нема никогаш да го заборави.

– Оваа прослава ќе ја паметатм додека сум жива, рече пејачката.

Првото изненадување било од нејзините деца, но она што и го подарил сопругот ја оставило во шок.

– Најпрвин, веднаш по будењето, додека слегував во собата добив подарок од децата. Марко седеше до клавирот, а Мануела со гитара и ме дочекаа со песна што ме доведе до солзи, изјави Драгана.

Од нејзиниот сопруг таа добила автомобил од најновата марка Мерцедес со персонализирани таблици „ДМ 50“ и 50 ружи од нејзиниот колега Чола. подарокот вреди неверојатни 400.000 евра.

– Се што е околу мене и на мене денес е од Тони, но најмногу ми значат 19 -те години поминати во безусловна љубов, откри Драгана.

Најнови вести