среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За пукање петарди на Нова година казна до 500 евра

За пукање петарди на Нова година казна до 500 евра

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства.

Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

– Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства, извести полицијата.

Согласно Кривичниот законик, тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Најнови вести