сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: СДСМ дозволува други да пишуваат нова историја на Македонија

Митовска: СДСМ дозволува други да пишуваат нова историја на Македонија

Многу скоро беше кога се говореше дека нема да се смени уставното име. СДСМ не доведе во ситуација други да ни ја пишуваат историјата, рече Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на дебата на МРТ. Таа посочи „историјата е нешто што поминало, а СДСМ не доведе во ситуација да ни се пишува нова историја“.

-Да беа доследни премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе беше друго. Вака ние сме ставени во ситуација ништо да не и гарантирано на Македонија, а Македонија прави многу отстапки. Нема гаранција за влез во НАТО и ЕУ, а се менува име. Не се знае кога пак ќе ни се стави сопка на патот кон ЕУ и НАТО. Во ЕУ и во НАТО се оди само со реформи, а со владата на СДСМ има само назадување во сите полиња, рече Митовска.

Според неа одлуката да се смени уставното име е спротивно на ставот на граѓаните.

-Доколку граѓаните оценеа дека Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО ќе проценеа и ќе излезеа на референдумот, додаде Митовска.

Најнови вести