СДСМ се фали со невидливи мерки. СДСМ сака да пишува дека спроведуваат мерки, што народот не ги чувствува ни гледа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Загадениот воздух зема се поголем замав, а СДСМ освен што лаже и игра игрици ништо не презема. Клиниките секој ден се повеќе се полнат со луѓе кои имаат здравствени проблеми поради енормниот загаден воздух, стои во реакцијата и се додава:
„Време е да се стави крај на лажните ветувања и невидливите мерки на СДСМ. Народот ќе го казни СДСМ и ќе стави крај на оваа црнила која владее во Република Македонија“.